Енергетска азбука

Една од најобемните активности е серијалот Енергетска азбука – едукативен серијал од десет епизоди во продукција на Македонската телевизија. Енергетска азбука на интересен начин ги објаснува основните енергетски теми, со посебен фокус на Македонија и енергетската ефикасност. Форматот од десет минути е одличен за пренесување на пораката. Емисијата се емитуваше секоја втора сабота на првата и втората програма на Македонската телевизија, на македонски и албански јазик. Емисиите по емитувањето се објавуваа на специјално креираниот YouТube канал, но и во рамките на Фејсбук страната “Енергетска азбука”. Страната е одличен комплементарен канал за едукација на корисниците кои доколку активно се вклучат во едукацијата на своите пријатели имаат можност да добијат вредни “ефикасни” награди.