Работилница за бизниси

Претставници од околу 200 мали и средни компании учествуваа на работилницата за поголема примена на принципите за енергетска ефикасност во работењето. На работилницата која се одржа во рамките на „Платформата за енергетска ефикасност“ што ја организираат ЕВН Македонија и Министерството за економија, експерти од академската заедница ги презентираа најновите трендови во оваа област.

ðàáîòèëíèöà êîìïàíèè 4

Целта на работилницата беше малите и средни компании да ја зголемат примената на енергетската ефикасност во своето работење и на тој начин да станат поефикасни и поконкурентни. Покрај експерти од областа, компаниите кои веќе имаат имплементирано овие принципи ги истакнаа придобивките, предностите и конкретните ефекти.