Поим за енергетска ефикасност

Самиот поим на енергетска ефикасност нема посебна дефиниција. Како што и самиот зборот ни кажува се работи за ефикасно користење на енергијата. Оваа значи дека енергетска ефикасност подразбира  множество на мерки кои се превземаат со цел да се намали потрошувачката на енергијата, а кои не ги рушат постоечките услови на работењето.

Дали штедење на енергија е исто што и енергетска ефикасност?

Мораме да направиме разлика помеѓу заштедата на енергијата и енергетската ефикасност. Штедењето на енергијата секогаш подразбира одредени одрекнување, додека енергетската ефикасност (ефикасната употреба на енергијата) донесува зголемување на квалитетот на животот. Она што му е заеднички на овие два термина е намалување на енергетските трошоци. Но затоа начинот на оваа намалување е суштински различен – со енергетската ефикасност не го намалуваме комфорот на нашето живеење или пак не го загрозуваме производниот процес. Од друга страна доколку штедиме енергија тоа не може без намалување или загрозување на веќе достигнатиот комфор на живеење или пак без да го намалиме квалитетот на производството.

Дали терминот енергетска ефикасност се однесува само за трошење на електричната енергија?

Концептот на енергетската ефикасност е директно поврзан со енергетиката. Но таа не се јавува само во потрошувачката на енергијата туку и ви производството и дистрибуцијата на енергијата. Загубите во производството на енергијата изнесуваат и до 66%! Загубите во транспортниот сектор (железнички, патен и друг вид на сообраќај)  изнесуваат околу 71%, во индустријата загубите изнесуваат околу 20%, додека во секторот на домаќинства, енергетските загуби изнесуваат околу 20% (слаба изолираност на објектите).

Дали енергетска ефикасност значи само користење на нова технологија?

Секоја технологија и техничка опрема, без обѕир колку да е ефикасна, ја губи таа карактеристика доколку не постојат образовани/едуцирани луѓе, кои што знаат да ја користат на најдобар можен начин. Врз основ на ова, можеме да речеме дека енергетската ефикасност е пред се работа на свеста на луѓето и на нивната желба за промена на лошите навики кон енергетско ефикасни решенија. Од таа страна, кога ќе даваме препораки за подобрување на енергетска ефикасност, прво што треба да направиме е да се анализираат навиките на потрошувачите, а потоа да ги упатиме во вистинската насока. Ваквите мерки се бесплатни и можат да донесат значајни финансиски заштеди, а од друга страна ќе дадат голем придонес кон животната средина.