Работилница за енергетска ефикасност за медиуми

Енергетската ефикасност и промената на енергетскиот пазар беше тема на дводневната работилница што се одржа во декември 2014 година и беше наменета за претставниците на медиумите. Новинарите од електронските и печатените медиуми од земјава имаа можност да се информираат и дискутираат за чекорите кои се преземаат во насока на подобрување на енергетската ефикасност кај компаниите и подготовките за промените на енергетскиот пазар. Преку презентации и отворени дебати беше претставена реалната состојба  на пазарот и подготвеноста на субјектите за примена на енергетската ефикасност. Енергетската ефикасност и платформата на Министерството за економија и ЕВН Македонија во изминатата година беа тема на 751 новинарски авторски текстови во македонските медиуми. Најактивните новинари беа наградени во рамки на оваа работилница.

Свои презентации и дискусии на отворените сесии имаа претставници на Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Македонија и гости од ЕВН Австрија експерти од областа за енергетската ефикасност.