Почетокот на соработката се означи со масовна медиска кампања наменета за домаќинствата во која се посочуваат некои основни елементи на енергетската ефикасност. Целта беше на едноставен начин да се комуницира поимот енергетска ефикасност – односно дека со помалку енергија можно е да се постигне исто ниво на удобност. Кампањата се спроведе во печатените и електронски медиуми, на македонски и албански јазик.