НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ИНСПИРИРАНИ ОД КНИГА

ЕВН Македонија, во партнерство со асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик”, објавува награден конкурс за најдобра маска инспирирана од книга, со што ќе се одбележи Светскиот ден на книгата за деца, 2 април.

Право на учество на овој повик имаат сите ученици од 6 до 14 години од сите основни училишта низ Македонија.

Конкурсот е отворен до 27 март, до кога учесниците треба да испратат фотографии на кои се фотографирани со своите маски, на следнава е-адреса: konkurs@evn.mk

Финалната средба на „ликовите од книгите” ќе се случи на први април, Денот на шегата, во трговскиот центар „Капитол”, во 11 часот, каде ќе бидат доделени и наградите за најкреативните маски, за кои ќе решава тричлено жири.

Фотографии со најдобрите маски ќе бидат објавени и на страниците на уличното списание „Лице в лице”, чијшто следен број ќе биде посветен на книгата и на нејзината моќ. Дополнителни информации на: 02/2466 444

3 comments