Обука за медиуми

На почетокот на декември 2013 година се одржа тридневна работилница за претставници на медиумите што ги опфати сите аспекти на енергетската ефикасност. Повеќе од 30 учесници имаа можност да се информираат за поимот и законските рамки за примената на енергетска ефикасност во Македонија и Европа, практични примери и искуства во Македонија и ЕВН Австрија, како и улогата на медиумите во процесот на подигнување на јавната свест за овие теми.