Платформа за енергетска ефикасност

Со мотото „Размисли и заштеди“ Министерството за економија и ЕВН Македонија повеќе од една година ја реализираат заедничката “Платформа за енергетска ефикасност”.

Се работи за стратешко партнерство кое за разлика од кампањите кои имаат одреден почеток и крај, е базирано на долгорочна соработка и опфаќа различни целни групи. Целта на оваа платформа е преку конкретни активности да се подигне свеста за потребата од промената на навиките на корисниците во насока на рационално користење на енергијата. Со рамките на платформата се реализираа повеќе активности.