Извори на електрична енергија

Срцето на македонскиот електроенергетски систем е РЕК Битола. Рударско енергетски  комбинат кој задоволува  најголем дел од потребите за електрична енергија во земјава.Трите блока на РЕК, заедно со ТЕЦ Осломеј,  произведуваат 80- 85% од вкупното производство на  струја во Македонија. Станува збор за голем енергетски комплекс, лоциран во прекрасната   Пелагонија, но јагленот во трите електрани  пристигнува од двата рудника .Животниот век на Суводол е при крај  и затоа неодамна е отворен  новиот рудник Брод-Гнеотино.Тој ќе овозможи непречена работа на трите блока во наредните 25 до 30 години.

Преку бескрајна лента,  долга 10 километри  јагленот се транспортира до термоцентралите. Секој блок на РЕК Битола има инсталирана моќност од 225 мегавати  и годишно заедно испорачуваат околу  4600 ГВЧ  електрична енергија За   две години треба да заврши сложениот  процес на нивна ревитализација  и модернизација што  ќе овозможи работниот век на комбинатот да се продолжи за дополнителни 20-25  години.

Домашните хидроцентрали испорачуваат околу 15 -20 % од вкупното производство или 1200 гигават  часови струја годишно,во зависност од количеството врнежи . Силата  на водата се  чува во големите вештачки акумулации , а  се искористува со пропуштање на водата во турбините кои преку генераторите произведуваат електрична енергија.

Od koi izvori ja dobivame ee 2

 

Македонија располага со 8  поголеми хидроцентрали со кои што управува АД ,,ЕЛЕМ” и 11 хидроцентрали кои се сопственост на ЕВН Македонија. Во последниве неколку години во Македонија од страна на приватни инвеститори се изградени или во тек е градба на уште 10-тина мали хидроцентрали, за кои државата има издадено концесија. Света Петка е најновата голема хидроцентрала во земјава, а нејзината  бетонска брана  е единствена  во регионот. Таа  овозможува целосно искористување на хидро потенцијалот  на реката Треска  и на трите  вештачки акумулации во кањонот на Матка.