Потекло на електричната енергија

Електричната енергија  може да се добие на неколку  начини и од повеќе извори. Преку  согорување  на јагленот, нафтата и природниот гас, со искористувањето на енергијата на реките, ветерот, морињата и сонцето, но и од моќта на атомската енергија. Во Македонија електричната енергија се произведува од јагленот и од природниот гас, како и преку искористување на  силата на водниот потенцијал .Во последно време за добивањето  струја  се користи и  сончевата енергија во фотоволтаичните електрани, а набрзо и енергијата на ветерот. Сепак најголем дел од електричната енергија во Македонија се произведува од фосилните горива, во кои спаѓа и јагленот. Нашата земја располага со рудни резерви само на ниско калоричен лигнит кој  повеќе од 30 години се користи за добивање електрична енергија.