Ангажирана моќност

Ангажираната моќност претставува расположив капацитет на мрежата што му овозможува на потрошувачот да користи електрична енергија во секое време и според потребите во рамки на одобрениот капацитет. На пример: кога ќе го вклучите вашиот апарат или светилка во домот, вие со тоа имате можност веднаш да почнете со трошење на електрична енергија која всушност ви стои на располање во секое време во системот. Aнгажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија е утврдена од Регулаторната Комисија за енергетика, во согласност со Тарифниот систем на Република Македонија. Ангажираната моќност е дел од цената на електричната енергија во сите земји, бидејќи представува одраз на реален трошок кои се создава за да се обезбеди електрична енергија до краните потрошувачи. Во одредени земји, ангажираната моќност е дел од самата цена, а кај нас е транспаретно издвоена согласно со постоечката регулатива.