Во фосилните горива спаѓаат јаглен, нафта и природен гас. Овие горива се создадени по пат на фосилизација на загинатите билки и животни од пред неколку милиони години. Со согорување на овие горива се создава топлинска енергија. Оваа топлинска енергија, понатаму се користи за производство на пареа (термо централи), за загревање на водата (топлани) или пак за стартување на превозните средства. Денеска најголемиот дел на произведената енергија се добива по пат на користење на фосилни горива. Фосилните горива се наоѓаат во ограничени количини и бидејќи не
Дали енергијата има влијание на природната средина?
Најголемиот дел на произведената енергија, е добиена по пат на користење на фосилни горива – јаглен, нафта, гас. Но со согорувањето на фосилните горива се создаваат штетни гасови – јаглерод диоксид, азотни и сулфурни оксиди. Исто така се создава течен и цврст отпад кој што се складира на депонии лоцирани во непосредната близина на енергетските објекти (термо централи, гасни централи, комбинирани постројки и слично).
Сите овие влијанија на човековата средина можат да се поделат на локални, регионални и глобални. Локалните влијанија се емисии на пепелта, отпадната топлина и бучава. Регионалните влијанија имаат сулфурни и азотни оксиди, кој што со влагата во воздухот создаваат киселини. Глобалното влијание имаат емисиите на јаглерод – диоксид и метанот кој што го создаваат ефектот на стаклената градина.