Електричната енергија може да се добие на неколку начини и од повеќе извори. Преку согорување на јагленот, нафтата и природниот гас, со искористувањето на енергијата на реките, ветерот, морињата и сонцето, но и од моќта на атомската енергија. Во Македонија електричната енергија се произведува од јагленот и од природниот гас, како и преку искористување на силата на водниот потенцијал .Во последно време за добивањето струја се користи и сончевата енергија во фотоволтаичните електрани, а набрзо и енергијата на ветерот. Сепак најголем дел од електричната енергија во Македонија се произведува од фосилните горива, во кои спаѓа и јагленот. Нашата земја располага со рудни резерви само на ниско калоричен лигнит кој повеќе од 30 години се користи за добивање електрична енергија.