Трошоците што се прават во производството, преносот и дистрибуцијата на електричната енергија влијаат и на крајната цена на чинење , што ја плаќаат потрошувачите, населението и индустријата . Регулаторната комисија за енергетика ги контролира трошоците и инвестициите на трите енергетски компании во земјава . Крајната цена која ја плаќаат потрошувачите се распределува на трите енергетски компании. Најголемиот дел, односно над 53% од износот го добива производството односно државаната компанија ЕЛЕМ, на дистрибуција и снабдување отпаѓа односно ЕВН Македонија отпаѓа околу 40 %, а на преносниот систем односно МЕПСО отпаѓа колу 6% од вкупната цена која ја плаќаат потрошувачите.
Преку домашното производство на електрична енергија се задоволува повеќе од половина од вкупните потреби на земјата Останатиот дел од потребите се покриваат со увоз на електрична енергија што исто така влијае на крајната цена на чинење. Затоа треба да ја користиме електричната енегија рационално.